• Wednesday, 25 February 2026

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на министерот за правда, Филков

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на министерот за правда, Филков

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков е дел од циркусот, од режираното сценарио и диловите на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ, се наведува во реакцијата на СДСМ на денешната прес-конференција на министерот за правда, Игор Филков, што МИА ја пренесува во целост. 

Филков многу добро знае: за договореното сценарио за враќање на Груби. За дилот меѓу ВМРО и ДУИ, кој се реализира пред очите на јавноста. За контролата врз судството и бвинителството од страна на нивната тендер-коалиција ВМРО - ЗНАМ. За менувањето на јавниот обвинител за да се инсталира нов под контрола на власта. За сопругата на ексградоначалник на ВМРО, која ја назначија за член на Судскиот совет. За советникот на Мицкоски, кој беше избран во Уставниот суд.

Знае и дека шефот на обвинителот, кој побара куќен притвор за Груби, беше избран на оваа функција во скопското Јавно обвинителство пред еден месец. 

Знае и дека МВР, раководено од Панче Тошковски, и АНБ, раководена од Бојан Христовски, дале процена дека Груби „не бил безбеден“ во „Шутка“, па затоа предложиле куќен притвор.

Филков, Тошковски, Христовски - сите се во служба на ВМРО-ОКГ и на крими-државата, и тоа на сите им е јасно.

Кога Обивнителството и судството ќе бидат ослободени, сите ќе одговараат!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ