• Sunday, 01 March 2026

Реакција на градоначалникот на Крива Паланка по укажувањето од АХВ за надлежност на општината

Реакција на градоначалникот на Крива Паланка по укажувањето од АХВ за надлежност на општината

Скопје, 28 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски  денеска на прес-конференција реагираше на укажувањето на Агенцијата за храна и ветеринарство во врска со надлежностите на општината и побара  итно спроведување на правосилното и извршно решение донесено на 5 март 2024 година, со кое е изречена мерка за одземање добиток, во согласност член 36 од Законот за заштита и благосостојба на животните.

-Обидите за префрлување на одговорноста кон општината се правно неосновани и не ја менуваат фактичката состојба бидејќи решението е донесено од страна на Агенцијата, правосилно е и извршно од април 2024 година, но до денес не е спроведено. Надлежноста за донесување и спроведување на мерката за одземање е исклучиво на Агенцијата и општината нема законска основа да ја преземе таа надлежност. Во таа насока,  институционалната одговорност не може да се релативизира преку јавни соопштенија, рече Митковски на прес-конференцијата. 

Посочи дека проблемот со добитокот што со години предизвикува штети во Крива Паланка продолжува да создава последици врз јавните површини, приватниот имот, безбедноста во сообраќајот и благосостојбата на животните.

-Општината останува подготвена да обезбеди логистичка и кадровска поддршка за спроведување на решението, но не може и нема да ја преземе законската надлежност на државна институција. Времето за меѓуинституционално препукување е завршено, очекуваме постапување на терен, согласно сопственото правосилно и извршно решение, изјави Митковски реагирајќи на вчерашното соопштение со кое АХВ повика дека општината има одговорност за овој проблем. 

Го потсетуваме Митовски дека неодговорно е кон сопствените граѓани и жители на паленечките села тој да се иззема од одговорност, која ја има во овој случај, бидејќи во согласност со Законот за јавната чистота, член 14 став 1 точка 11, контролата на одржувањето на јавните површини, односно чување и напасување крупен добиток (вклучително и говеда) на јавни површини ја има токму Општината, наведе АХВ. хс/

Фото: МИА архива