• Sunday, 28 July 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ

Скопје, 27 јули 2024

Кога политиката СДС ја гледа низ призма на аквариумска риба со помнење од 3 минути и сака да освои ситни поени преку ниски страсти ќе одржи прес конференција каде ќе нападне свој довчерашен сопартиец и ќе излаже дека екс осуденик станал директор на затвор.

Но истата оваа партија ќе молчи кога Филип Андов Сокол партиски кадар на СДС и директор на затворот Шутка му ги собира затворениците Управата за извршување санкции додека тој ги пушта.

Истата партија каде Ден Дончев беше реформски кадар кој ги наполни џебовите и ја дувна во Австралија, или пак главен коалициски партнер и сродна душа во политиката им е ДУИ каде главни ликови се Артан Груби, внучето на Ахмети Дрин, и самиот Ахмети.

Зошто СДС и Филипче не кажат збор за тоа што лиценците за игри на среќа се доделени на две фирми, од која едната струмичка блиска директно до Вице Заев, се доделени со потписот на Артан Груби. Ете така здушно функционира пљачкачката банда СДС - ДУИ.

Кога следен пат ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор, патем и нека уклучат шмрк. Се има наталожено доста.

 

 Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.