• Sunday, 20 October 2024

Работна средба на Изетбеговиќ и Хоџиќ 

Работна средба на Изетбеговиќ и Хоџиќ 

Скопје, 18 октомври 2024

Претседателот на Странка за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, денеска се сретна со претседателот на Странка на демократска акција на Македонија (СДА Македонија), Џелал Хоџиќ. 

На работната средба се разговараше за актуелната политичка состојба во Босна и Херцеговина, Северна Македонија, како и регионот на Западен Балкан, со посебен фокус на положбата на бошњачкиот народ. 

Се разговараше и за досегашните и идните заеднички активности на СДА на Босна и Херцеговина и СДА на Македонија. 

Претседателот на СДА Македонија Хоџиќ му упати честитки на Изетбеговиќ за победата на СДА БиХ на локалните избори во Босна и Херцеговина. 

Странка на демократска акција на Македонија

______________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки