• Saturday, 31 August 2024

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во јули изнесува 5,12 проценти

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во јули изнесува 5,12 проценти

Скопје, 30 август 2024 (МИА) - Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, во јули, изнесува 5,67 проценти, што претставува месечен раст од 0,01 процентен поен. Вкупните депозити на домаќинствата овој месец се со каматна стапка од 1,89 проценти со месечно зголемување од 0,05  процентни поени, објави денеска Народната банка. 

Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во јули годинава изнесува 5,46 проценти и забележа месечен и годишен пад од 0,01 проценен поен. и 0,03 процентни поени, соодветно, додека просечната каматна стапка на вкупните депозити оствари месечно и годишно зголемување од 0,05 процентни поени и 0,43  процентни поени, соодветно и изнесува 1,93 порценти.

– Во јули, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 5,12 проценти и на месечна основа е зголемена за 0,04 процентни поени, при годишно намалување од 0,45 процентни поени. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,76 проценти и е зголемена за 0,24 процентни поени на месечно ниво, при годишен раст од 0,55  процентни поени, информира НБ.

Податоците на централната банка покажуваат дека просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор, во јули се со месечен пад од 0,03 процентни поени и изнесува 5,23 проценти.Овој месец, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,64 процентни поени и изнесува 3,03 проценти.лв/

фото: НБ