Пронајдена дрога во Битола
- Четириесет и деветгодишен битолчанец е приведен откако во неговиот дом е пронајдена дрога. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека Д.Р. е приведен бидејќи при претрес извршен со судска наредба во неговиот дом и помошните простории е пронајдена марихуана и прашкаста материја.
Скопје, 27 октомври 2024 (МИА) - Четириесет и деветгодишен битолчанец е приведен откако во неговиот дом е пронајдена дрога.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека Д.Р. е приведен бидејќи при претрес извршен со судска наредба во неговиот дом и помошните простории е пронајдена марихуана и прашкаста материја.
По документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. бак/
Фото: МИА архива