Промоција на „Номотехника“ – стручен водич за креирање правни прописи
- Во кафе-книжарницата „Литература.мк“ во Дајмонд мол вечер ќе биде промовирана книгата „Номотехника“ од професорите Љупчо Петкуќески и Марко Андонов. Делото е издание на Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС).
Скопје, 16 декември 2025 (МИА) - Во кафе-книжарницата „Литература.мк“ во Дајмонд мол вечер ќе биде промовирана книгата „Номотехника“ од професорите Љупчо Петкуќески и Марко Андонов. Делото е издание на Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС).
Промотори на изданието ќе бидат проф. д-р Иван Додовски, редовен професор и декан на Факултетот за политички науки при УАКС и Амир Абдулаи, судија во пензија на Апелациониот суд – Скопје.
Како што соопшти издавачот, книгата „Номотехника“ претставува современ и систематичен водич низ принципите и правилата за изработка на правни прописи. Книгата им е наменета на студентите, правниците и сите заинтересирани што сакаат да ја разберат клучната улога на квалитетната номотехничка практика во креирањето прецизни и стабилни правни норми.
- Делото на авторите нуди јасен и практичен преглед на најважните номотехнички начела, концепти, методи и препораки и претставува редок спој на научна темелност и практична примена. „Номотехника“ е книга што едуцира и инспирира – водич што го приближува процесот на креирање закони до секој што го интересира правото и функционирањето на правниот поредок, се наведува во соопштението. мд/са/
Фото: МИА архива