• Thursday, 09 April 2026

Промоција на книгата „Корона-пандемија - приказна за возрасни“ во КИЦ

Промоција на книгата „Корона-пандемија - приказна за возрасни“ во КИЦ

Скопје, 7 април 2026 (МИА) - Во Културно-информативниот центар во Скопје денеска ќе биде промовирана книгата „Корона-пандемија - приказна за возрасни“ на Росано Чолаков.

Како што информираа од тимот на Чолаков, на Денот на светското здравје ќе биде промовирана духовно-филозофска книга посветена на корона-пандемијата.

- Книгата претставува впечатлив спој на лични, длабоко интимни сведоштва од времето на пандемијата и научно аргументиран осврт заснован врз релевантни научни и медицински сознанија - се додава во соопштението.

Најавено е за книгата да говорат проф. д-р Вело Марковски, д-р Лилија Чолакова-Дервишова, како и д-р Јорданчо Иванов. бд/бк/

Фото: Тим на авторот / Соопштение