• Friday, 27 September 2024

Проекција на филмот „Пченично зрно“ и панел дискусија со турскиот пратеник Серкан Бајрам

Проекција на филмот „Пченично зрно“ и панел дискусија со турскиот пратеник Серкан Бајрам

Скопје, 27 септември 2024 (МИА) - Во Турскиот културен центар „Јунус Емре“ денеска ќе се реализира прикажување на филмот „Пченично зрно“ и панел дискусија со пратеникот од Турција Серкан Бајрам.

Како што соопштија организаторите, филмот „Пченично зрно“ е инспириран од животот на пратеникот Серкан Бајрам, кој „се бори против неправдите и маргинализацијата“.

-Кога бил уште мало бебе, во трагичен пожар на житното поле ги изгубил рацете. Со големи борби, успеал да се задржи во живот, а денес е пратеник на Република Турција, успешен адвокат кој е член на многу невладини организации, примерен сопруг и татко. Тој е надеж за лицата со инвалидитет со својата борба против неправдите и маргинализацијата, соопштија од Турскиот културен центар „Јунус Емре“. бт/мд/

Фото: плата

You May Also Like