• Wednesday, 01 April 2026

Провејува снег во Маврово и Крушево и на планинските премини Стража и Ѓавато

Провејува снег во Маврово и Крушево и на планинските премини Стража и Ѓавато

Скопје, 1 април 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а сите патни правци се проодни. Снег провејува во Маврово и Крушево и на планинските премини Стража и Ѓавато. Намалена видливост до 20 метри поради магла има на патниот правец Попова Шапка-с.Лисец.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. ев/

ФОТО: Архива