• Sunday, 27 October 2024

Приведен криминалец баран со потерница

Приведен криминалец баран со потерница

Скопје, 25 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници вчера попладне во Велес го привеле Ѓ.П.(57) од Валандово, кој бил баран по три централни потерници врз основа на судски наредби за издржување вкупна казна затвор од две години и шест месеци за сторени кривични дела „измама“, соопшти МВР.

Исто така, лицето било барано и по неколку локални расписи, поради сомнение за извршени кривични дела „измама“.

Ѓ.П. бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на затворската казна.са/

Фото: МВР