• Sunday, 06 October 2024

Приведен крадец во тетовско

Приведен крадец во тетовско

Скопје, 5 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово синоќа во 19.40 часот во тетовското село Порој го лишиле од собода Е.М.(27) од Косово, поради тоа што противправно одзел патничко возило „голф“ со тетовски регистерски таблици, сопственост на лице од село Џепчиште, тетовско.

Како што соопшти денеска МВР, Е.М. е задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додека одземеното возило му било вратено на сопственикот. дма/

Фото:МИА архива