Претрес во Охрид, пронајдена дрога
- Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид вчера во 17 часот во Охрид го лишиле од слобода охрижанецот И.Д.(48). Како што информираат денеска од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и пари во различни апоени и валути.
Скопје, 27 ноември 2024 (МИА) - Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид вчера во 17 часот во Охрид го лишиле од слобода охриѓанецот И.Д.(48).
Како што информираат денеска од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и пари во различни апоени и валути.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/ев/
фото МИА архива