Премиерот Мицкоски денеска на средба со УПОЗ и КСС
- Премиерот Христијан Мицкоски попладнево ќе се сретне со Синдикатот на УПОЗ. Средбата е закажана за 16.45 часот, а доаѓа откога Мицкоски даде понуда за раст на платите за која УПОЗ рече дека е прифатлива и дополнително ќе се разговара во рамките на синдикалните организации.
Скопје, 5 февруари 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски попладне ќе се сретне со Синдикатот на УПОЗ. Средбата е закажана за 16.45 часот, а доаѓа откога Мицкоски даде понуда за раст на платите за која УПОЗ рече дека е прифатлива и дополнително ќе се разговара во рамките на синдикалните организации.
Претходно, понудата на Владата беше прифатена и од КСС, предводен од Благоја Ралповски.
Во изјава за медиумите премиерот рече дека понудата е на маса повеќе од една година и дека е подготвен за средба и потпишување на колективниот договор за државни службеници.
Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи вчера на новинарски прашања во врска со актуелните разговори за покачувањата на минималната плата и зголемувањето на платите за вработените во јавната администрација со синдикалните претставници, рече дека Владата има своја формула за пресметување на платите на вработените во администрацијата.
- Повеќето од претставниците на синдикатите, и репрезентативните и од гранкските, се согласни со таа позиција на Владата, со неколку исклучоци. Формулата што ја нуди Владата во врска со тоа е како ќе следува покачувањето на платите на административците, етапно ќе значи и повисоки примања за нив, а не само за онолку средства колку што ќе расте минималната плата - рече Мицкоски. нд/са/
Фото: МИА архива