Презентација на истражувањето „Парламентарниот надзор и контрола во Северна Македонија низ призма на надзорниот капацитет на Собранието“
- Во законодавниот дом денеска ќе биде презентирано истражувањето „Парламентарниот надзор и контрола во Северна Македонија низ призма на надзорниот капацитет на Собранието“.
Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Во законодавниот дом денеска ќе биде презентирано истражувањето „Парламентарниот надзор и контрола во Северна Македонија низ призма на надзорниот капацитет на Собранието“.
Истражувањето ќе биде презентирано од проф д-р Денис Прешова, вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ во Скопје. По презентација, следуваат дискусија и отворена дебата.
Воведно обраќање ќе има Африм Гаши, претседател на Собранието на Република Северна Македонија.
На настанот ќе бидат презентирани и следните чекори и можности за унапредување на парламентарниот надзор, поддршка преку програмата ПСП. фф/са/
Фото: МИА Архива