• Saturday, 19 October 2024

Прво одбележување на Светскиот ден на поправки во Скопје

Прво одбележување на Светскиот ден на поправки во Скопје

Скопје, 18 октомври 2024 (МИА) - Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на поправки во Скопје, денеска АРНО, во соработка со Општина Кисела Вода, ќе го најави отворањето на првиот Центар за поправки, кој ќе биде достапен за јавноста од јануари. 

- Поправките играат важна улога во зачувувањето на ресурсите и намалувањето на отпадот, што придонесува кон заштита на животната средина и одржливост. Овој настан има за цел да ја подигне свеста и да ги поттикне граѓаните да станат дел од оваа значајна иницијатива, се наведува во соопштението од АРНО.

На настанот најавено е обраќање на Ирина Јаневска (АРНО), која ќе зборува за важноста на Центарот за поправки, додека Антонио Даниловски (АРНО) ќе ги претстави активностите што ќе следат во Центарот, како и двата повика за јавноста – за мајстори и за донации на играчки.

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ќе ја истакне поддршката на општината за проектот. По прес-конференцијата, ќе следат работилници за поправки со средношколци од СУГС „Георги Димитров“, кои ќе работат на реупотреба на производи и поправка на играчки. Поправените играчки ќе бидат донирани на деца од семејства со помалку можности. цр/вг/

Фото: Тимот на АРНО