• Friday, 20 March 2026

Пратениците на Левицата бараат со законски измени нашите војници да може да учествуваат само во мисии одобрени од СБ на ОН

Пратениците на Левицата бараат со законски измени нашите војници да може да учествуваат само во мисии одобрени од СБ на ОН

Скопје, 19 март 2026 (МИА) - Пратениците на Левицата во Собранието ќе поднесат измени на Законот за одбраната, со кои, како што изјави денеска на прес-конференција пратеникот Амар Мециновиќ, се воспоставува јасна правна рамка за учество на нашата Армија во операции надвор од територијата на државата. 

Мециновиќ рече дека тие предлагаат учеството да биде дозволено исклучиво во меѓународни мисии одобрени од Советот за безбедност на Обединетите нации, со цел да се обезбеди државата да не биде вовлечена во операции штоп не се засновани на меѓународно право и поширок меѓународен консензус.

Според него, овие измени излегуваат од рамките на дневната политика и претставуваат прашање на национален интерес, особено во услови на зголемени геополитички тензии и сè почести конфликти.

- Собранието како носител на суверенитетот мора да ја врати својата клучна улога во креирањето на одбранбената политика и да обезбеди предвидливост и сигурност за граѓаните и припадниците на Армијата. Наместо јасна насока во време на сериозни меѓународни турбуленции, сведоци сме на непредвидлива и неконзистентна надворешна политика, која отвора дилеми за тоа во кој правец се движи државата и дали постои ризик од вовлекување во процеси што не се во интерес на граѓаните - рече пратеникот Мециновиќ.

Токму поради тоа, тој смета дека Собранието има обврска да постави јасни граници преку закон и да обезбеди дека земјата ќе остане доследна на принципите на мир, стабилност и меѓународна соработка. ев/паг/

Фото: Архива