• Monday, 28 October 2024

Почна изградбата на фабрика за летечки автомобили во Гуангжу

Почна изградбата на фабрика за летечки автомобили во Гуангжу

Гуангжу, 28 октомври 2024 (МИА) - Изградбата на првата фабрика за летечки автомобили во Гуангжу - главниот град на покраината Гуангдонг во јужна Кина, почна вчера, објавија кинеските медиуми.

Компанијата „Икс-ПЕНГ Аерохт“ (XPENG AEROHT) и нејзиниот оддел за производство на летечки автомобили „Икс-ПЕНГ“ ќе бидат првите во светот за масовно производство. Тука првично ќе се произведува леталото наречено „Копнен носач на авиони“, опишано како воздушен модул за летечки автомобил.

- До крајот на годината, компанијата треба да почне со продажба на летечкиот „Копнен носач на авиони“, за којшто се завршени тестирањата и тест-летовите со екипаж уште во септември, изјави Жао Дели, основач на компанијата.

Според наводите, првиот погон со капацитет од 10.000 единици годишно ќе биде сместен на површина од 18 хектари.  си/сд/

Фото: „Икс-ПЕНГ Аерохт“