Почина хирургот проф. д-р Владо Јаневски
- По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор доктор Владо Јаневски.
Скопје, 28 февруари 2026 (МИА) - По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор доктор Владо Јаневски.
Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари и хирурзи, кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во приватните здравствени установи.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот, во капелата во Бутел. вг/