• Wednesday, 25 February 2026

Поради дефект попладнево без вода Батинци и Љубош

Поради дефект попладнево без вода Батинци и Љубош

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Поради уличен дефект на Пат за Китка (место викано Врапче, Батинци), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Батинци и Љубош.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје снабдувањето со вода ќе биде прекинато од 16:30 часот до завршување со санација на дефектот. сст/са/

Фото МИА архива