• Thursday, 09 January 2025

Помошта за Украина на агендата на новата средба во Рамштајн

Помошта за Украина на агендата на новата средба во Рамштајн

Берлин, 9 јануари 2025 (МИА) - Сојузниците на Украина и претседателот Володимир Зеленски ќе имаат денеска средба во американската воена воздухопловна база Рамштајн во Германија за да разговараат за континуираната поддршка за Киев во   војната со Русија.

Рамштајн е најголемата воздухопловна база надвор од СAД и беше домаќин на слични состаноци откако Русија ја нападна Украина пред речиси три години.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ги покани на конференцијата министрите за одбрана и високите воени лидери од земјите-членки на Контакт групата Украина.

Како и на претходните состаноци во Рамштајн, се очекуваат и претставници од земји што не се членки на НАТО.
Русија води војна против соседна Украина од 24 февруари 2022 година. Западот го поддржува Киев во неговата одбрана.
Украинските власти стравуваат дека американската поддршка за Украина може да се намали откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, јави ДПА. зш/
фото ЕПА