Полицијата со советодавни предавања за средношколците: „Не управувај моторно возило без положен возачки испит“
- Од почетокот на октомври до вчера полицајци од СВР Тетово спроведуваа превентивно едукативен проект од областа на безбедноста во сообраќајот, наменет за средношколците.
Тетово, 12 ноември 2024 (МИА) - Од почетокот на октомври до вчера полицајци од СВР Тетово спроведуваа превентивно едукативен проект од областа на безбедноста во сообраќајот, наменет за средношколците.
Отсекот за превенција на СВР Тетово е носител на проектот насловен „Не управувај моторно возило без положен возачки испит“, со кој биле опфатени 2.179 ученици од 14 тетовско – гостиварски средни училишта.
-Главна цел на активноста беше подигнување на сообраќајната свест кај помладата популација, како во поглед на стриктно почитување на законските норми, така и во поглед на сообраќајната култура, а со цел да се постигне поголема безбедност во сообраќајот, информираат од СВР Тетово. ас/вј/
Фото: СВР Тетово