• Monday, 02 September 2024

Пожар во автоплац во струшко Велешта, горат автомобили и гуми

Пожар во автоплац во струшко Велешта, горат автомобили и гуми

Струга, 1 септември 2024 (МИА) - Возила и гуми горат во автоплац во струшкото село Велешта, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Сообраќајот на регионалниот пат Струга - Дебар, според него, се регулира со најизменично пропуштање возила.

- Околу 14 часот во Полициската станица Струга пријавен е пожар во приватен автоплац лоциран на регионалниот пат Струга - Дебар кај струшкото село Велешта каде биле опожарени гуми и возила оставени на автоплацот, изјави Димоски.

На терен интервенираат екипи на територијалните противпожарни единици од Струга и Охрид. сс/сст/

фото МИА архива