Поезијата на Ана Голејшка-Џикова – централен книжевен настан во Љубљана
- Поезијата на македонската поетеса Ана Голејшка-Џикова вчера била централен книжевен настан во Љубљана. Вистинските посветеници на поезијата во Љубљана, вчера два часа уживале во разговорот со неа, во нејзиниот настап и во нејзините стихови, во оригинал и во препев на словенечки јазик. Настанот „АД ХОК“, во градската библиотека „Отон Жупанчич“, којшто е еден од најважните настани во книжевниот живот на Словенија во целост беше посветен на поезијата на Голејшка-Џикова, а разговорот со неа го водела Соња Цекова-Стојаноска, која е авторка на препевите на нејзината поезија на словенечки јазик.
You need to login to view this page en