Пингпонгарката Хасану од Младост 96 освои два медала на турнир во Црна Гора
- Македонската пингпогарка Софија Хасану од клубот Младост 96 се закити со злато во младинска категорија и бронзен медал во сениорска конкуренција на меѓународен турнир кој се одржа од изминатите три дена во Подгорица, Црна Гора.
Подгорица, 25 декември 2024 (МИА) – Македонската пингпогарка Софија Хасану од клубот Младост 96 се закити со злато во младинска категорија и бронзен медал во сениорска конкуренција на меѓународен турнир кој се одржа од изминатите три дена во Подгорица, Црна Гора.
Бронзен медал во јуниорска конкуренција освои и Андреј Стојановски од АС Ѓорче Петров.
Македонските пингпонгари се закитија со медали бронзени медали и во конкуренција на ветерани. Трето место освоија Сашо Стојановски од 10 60 АС Ѓорче Петров во категорија 40-49 години и Томе Петков од Пелагонија во категорија над 70 години.
На турнирот учествуваа 320 натпреварувачи од осум држави. зс/
Фото: ППФМ