Папата Франциск ја предводеше мисата на Бадник во Ватикан пред илјадници верници
- Папата Франциск вчера ја предводеше бадниковата миса во базиликата Свети Петар во Ватикан, на која присуствуваа илјадници верници.
Ватикан, 25 декември 2024 (МИА) - Папата Франциск вчера ја предводеше бадниковата миса во базиликата Свети Петар во Ватикан, на која присуствуваа илјадници верници.
На мисата и претходеше отворањето на „Светите врати“, кои го симболизираат почетокот на католичката света година, позната и како јубилеј. Светата година се слави на секои 25 години и се смета за време на мир, простување и помилување.
Оваа традиција датира од 1300 година, кога за прв пат ја вовел папата Бонифациј VIII.
Папата Франциск ја отвори „Светата врата“, посебен чин кој претставува надеж и обнова за верниците ширум светот.
Папата рече дека приказната за раѓањето на Исус треба да ги поттикне луѓето да се надеваат дека секој може да влијае на светот.
-Надежта е покана да не се одолговлекува, да не се задржуваме од старите навики или да останеме во просечност или мрзеливост. Надежта нè повикува да бидеме вознемирени од нештата што се погрешни и да најдеме храброст да ги промениме, рече папата Франциск.
Аџиите кои ќе дојдат во Рим за време на „Светата година“ можат да добијат простување на гревовите, а овој јубилеј трае до 6 јануари 2026 година.
Ватикан очекува до 100.000 аџии да минуваат низ вратите секој ден следната година. мс/
Фото: ЕПА