• Friday, 20 March 2026

Отворен нов шелтер-центар во Скопје за жртви на семејно насилство

Отворен нов шелтер-центар во Скопје за жртви на семејно насилство

Скопје, 19 март 2026 (МИА) - Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека официјално е отворен нов шелтер-центар наменет за заштита и поддршка на жртви на семејно насилство.

Како што информираат од Град Скопје, со потпишување договор, стан во сопственост на Градот отстапен е на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство „Глас против насилство“, со што се обезбедува сигурен простор за згрижување и помош.

Центарот ќе нуди заштита, советување и поддршка, со цел жртвите да добијат безбедно засолниште и можност за нов почеток. Од безбедносни причини локацијата на објектот не се открива јавно.

Оваа активност е дел од заложбите на Град Скопје за градење безбедна, солидарна и инклузивна заедница, како и за зајакнување на соработката со граѓанскиот сектор во борбата против семејното насилство. дма/са/

Фото: Град Скопје

 

 

You May Also Like