Општина Гостивар ги отвора онлајн апликациите за финансиска поддршка од 6000 денари за новороденчињата
- Општина Гостивар денеска соопшти дека има предвидено доделување на 6.000 денари за секое новороденче.
Гостивар, 3 јануари 2025 (МИА) - Општина Гостивар денеска соопшти дека има предвидено доделување на 6.000 денари за секое новороденче.
Аплицирањето, се додава во соопштението, се врши на веб-страницата на Општина Гостивар, каде што се бараат с извод од матична книга на родените за бебето, лична карта на таткото и мајката, банкарска трансакција на еден од родителите и контакт број.
Оваа мерка била предложена од градоначалникот на Општина Гостивар, а била изгласана на последната седница на Советот на Општина Гостивар.
- Оваа финансиска поддршка за семејствата со новороденчиња може да ги олесни почетните трошоци и покажува посветеност на општината кон социјалната политика и семејствата, се вли во соопштението. цр/нд/
Фото: Општина Гостивар