Општина Велес го распиша конкурсот за доделување стипендии на талентирани средношколци и студенти за учебната 2024/25 година
- Ќе бидат доделени 17 стипендии на талентирани ученици од II, III, IV година во средно образование. Стипендијата е во висина од 2.000 денари месечно, а се исплатува девет месеци за учебната 2024/2025 година.
Велес, 12 ноември 2024 (МИА) - Општина Велес го распиша конкурсот за доделување стипендии на талентирани средношколци и студенти за учебната 2024/25 година.
Ќе бидат доделени 17 стипендии на талентирани ученици од II, III, IV година во средно образование. Стипендијата е во висина од 2.000 денари месечно, а се исплатува девет месеци за учебната 2024/2025 година.
Стипендии ќе добијат и 17 талентирани студенти со завршена најмалку една година од студиите во високото образование. Стипендијата е во висина од 2.500 денари месечно, и исто така се исплатува девет месеци во годината за учебната 2024/2025 година.
Пријавувањето е до 25 ноември, а пријавата е објавена на бев страната на Општина Велес.
Како што информираат од Општина Велес, средствата за стипендиите се обезбедени од Буџетот на Општина Велес, и донации од „Жито маркети“ и „Агриа Агроиндустриска групација“ ДООЕЛ Велес.
Право на стипендија имаат кандидатите кои учат и студираат во училиштата и факултетите во земјава, а ги исполнуваат следните услови: редовни ученици од средно образование од II, III, IV година со одличен успех, (за годината која и претходи на година во која аплицира за стипендија) кои освоиле награда на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот (во претходната учебна година); редовни студенти со минимум запишана II година со континуирано студирање, кои освоиле награда на државни или награда на меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот, и во текот на студии постигнале просечен успех од 9.00 и над 9.00. ад/нд/
Фото: Општина Велес