Општина Битола гради улици во рурални средини
- Градоначалникот наОпштина Битола Тони Коњановски изврши увид во градежните работи на реконструкција на улици во населеното место Трн.
Битола, 24 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски заедно со своите соработници, изврши увид во градежните работи на реконструкција на улици во населеното место Трн.
Реконструкцијата во оваа рурална средина опфаќа пет улици со вкупна должина од над 1.000 метри, сите широки по 3,5 метри и банкини од двете страни широки од половина метар.
Вкупната вредност на проектот е 7,2 милиони денари, а средствата се обезбедени од Министерството за транспорт преку вториот владин повик, информираа од Општина Битола. мт/вг/
Фото: Општина Битола