Општина Аеродром ги повикува граѓански организации да бидат дел од транспарентната евалуација на проекти
- Општина Аеродром во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) објави Јавен повик за избор на набљудувач – претставник на граѓанските организации во Комисијата за евалуација на проекти во рамките на ReLOaD3 програмата.
Скопје, 25 февруари 2026 (МИА) - Општина Аеродром во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) објави Јавен повик за избор на набљудувач – претставник на граѓанските организации во Комисијата за евалуација на проекти во рамките на ReLOaD3 програмата.
-ReLOaD3 е заедничка иницијатива на УНДП финансирана од Европската Унија, со цел да се унапреди локалната демократија, да се направи транспарентно финансирањето и да се создадат силни партнерства меѓу општините и граѓанските организации, се наведува во соопштението од Општина Аеродром.
Од Општината ги повикуваат сите заинтересирани претставници на граѓанскиот сектор кои ги исполнуваат условите да аплицираат и активно да се вклучат во процесот на евалуација.
Целосниот текст на јавниот повик е достапен на официјалната веб-страница на Општината, односно на следниов линк: http://aerodrom.gov.mk/vest/9561дма/са/
Фото: Општина Аеродром