Од попладне дожд, следните денови постудено
- Облачно и посвежо ќе биде времето во следните денови. Веќе од попладне и во текот на ноќта се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоистичен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Скопје, 17 март 2026 (МИА) - Облачно и посвежо ќе биде времето во следните денови. Веќе од попладне и во текот на ноќта се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоистичен правец, кој ќе биде поизразен по должината на Повардарието.
Утре и в четврток ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови, а поради спуштање постудена воздушна маса од север, на планините и на некои од повисоките места ќе има услови врнежите да преминуваат во снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен, а од петок од северен правец.
Температурите ќе бидат во опаѓање. Утринските температури ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе достигнат до 16 степени. бак/са/
Фото: МИА архива