На штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ меѓународна работилница за унапредување на студентската и академска мобилност
- На Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип денеска почна тридневен меѓународен настан ACE²-EU Stakeholder Engagement Workshop на кој што присуствуваа студентите и универзитетски професори од девет европски универзитети, кои се дел од европската Алијанса. Станува збор за тридневна работилница во рамки на европската универзитетска алијанса ACE²-EU, насочена кон унапредување на студентската и академската мобилност, како и развој на нови образовни и истражувачки програми. Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски вели дека студентите и професорите имаат можност да работат на креирање на нови студиски програми, прилагодени на пазарот на труд, со што ќе се создаде кадар кои ќе одговори на современите предизвици.
Штип, 23 март 2026 (МИА) – На Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип денеска почна тридневен меѓународен настан ACE²-EU Stakeholder Engagement Workshop на кој што присуствуваа студентите и универзитетски професори од девет европски универзитети, кои се дел од европската Алијанса. Станува збор за тридневна работилница во рамки на европската универзитетска алијанса ACE²-EU, насочена кон унапредување на студентската и академската мобилност, како и развој на нови образовни и истражувачки програми.
Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски вели дека студентите и професорите имаат можност да работат на креирање на нови студиски програми, прилагодени на пазарот на труд, со што ќе се создаде кадар кои ќе одговори на современите предизвици.
-Веќе паралелно се работат неколку заеднички студиски програми во областа на фармацијата, здравството, како и во техничките струки, пред се во областа на вештачката интелигенција и инженерство на животна средина- рече Мираковски.
Универзитетската професорка Витана Вичење од Универзитетот за применети инженерски науки од Литванија истакна дека имаат план да достигнат околу 9.000 мобилности на студенти, професори и вработени на деветте универзитети, кои се дел од европската Алијанса. Таа додаде дека станува збор за мешани мобилности со физичко присуство, но и мобилности со виртуелна компонента.
-Денешната цел е тука да ги воочиме сите оние досегашни предизвици, недостатоци проблеми кои појавија околу досегашните мобилности, кои што во Алијансата биле околу 1.000 и да се обидеме да ги мапираме, структуираме бенефициите, како и идните насоки за тоа како да ги подобриме, а и ние како да се подобриме во насока на остварување на овие мобилности- вели Вичење.

Соња Манкалијано, членка на студентското тело на Алијансата, посочи дека на оваа работилница студентите од деветте универзитети имаат можност да ги споделат сите позитивни и негативни искуства, кои што произлегуваат од мобилноста, односно размената.
-Најинтересни можности за соработка за нас од аспект на студентите се практично едукативните активности кои ги нуди Алијансата, тоа се различните Еј-би-си школи, меѓутоа и различните едукативни и образовни формати. Нашиот интерес како студенти не застанува тука. Ние сме заинтересирани за волонтерските активности кои што ги промовира Алијансата, но и за можноста за стажирање во одредени други институции, или партнер институции на Алијансата. Така што нашата идеја преку овие активности е ние да развиеме еден вид на алтруизам, еден вид на соработка помеѓу нас самите и универзитетите, кои на нас ќе ни помогнат во градењето на нас, како личности- вели Манкалијано
Таа додава дека секако има разлика меѓу универзитетите, но досега од она што можела да забележи е и оти има сличности меѓу универзитетите во начините на комуникација и во поставеноста на системот. вдј/вј/
Фото: МИА