• Thursday, 26 March 2026

Пристапно предавање на новоизбраниот дописен член на МАНУ, Драган Даутовски

Пристапно предавање на новоизбраниот дописен член на МАНУ, Драган Даутовски

Скопје, 25 март 2026 (МИА) - Новоизбраниот дописен член на Македонската академија на науките и уметностите, Драган Даутовски, денеска напладне во МАНУ ќе одржи пристапно предавање.

Предавањето на Даутовски е со наслов „Топчестата глинена флејта од Македонија - праисториски музички инструмент“. 

Пригодна реч по повод пристапувањето на Даутовски во МАНУ ќе одржи академик Влада Урошевиќ.

Во музичкиот дел од настанот ќе настапат Камерниот гудачки оркестар „ФМУ солисти“ и ученици од насоката за традиционална музика и игра во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ - Скопје. хс/ац/

Фото: МАНУ