Потпишување договор за годишно покровителство помеѓу Халкбанк АД Скопје и Македонскиот народен театар
- Post By Хатка Смаиловиќ
- 07:19, 25 March, 2026
Скопје, 25 март 2026 (МИА) - Договор за годишно покровителство помеѓу Халкбанк АД Скопје и Македонскиот народен театар (МНТ) ќе биде потпишан денеска во фоајето на МНТ.
- Под мотото „Важна е културата“, Халкбанк оваа година станува главен партнер на Македонскиот народен театар, информира МНТ.
Како што е најавено, договорот ќе го потпишат Фатих Шахбаз, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје, и Никола Кимовски, генерален директор на Македонскиот народен театар. хс/ац/
Фото: МИА архива