Австриска вечер на камерна музика во Македонската опера и балет
- Под покровителство на Амбасадата на Австрија во Скопје вечер во фоајето на Македонската опера и балет ќе се одржи Австриска вечер на камерна музика.
Скопје, 25 март 2026 (МИА) - Под покровителство на Амбасадата на Австрија во Скопје вечер во фоајето на Македонската опера и балет ќе се одржи Австриска вечер на камерна музика.
-Замислете ноќ исполнета со елеганција, мир и врвна уметност. Моцарт, Хајдн и Шуберт се композитори чие творештво не старее, туку од година в година се продлабочува и ја зголемува својата вредност. Во секојдневието исполнето со обврски, стрес и брзо темпо на живот, ретко си дозволуваме момент за себе. Момент во кој ќе застанеме, ќе здивнеме и ќе почувствуваме нешто вистинско. И, токму тука најчесто губиме, заборавајќи колку ни е потребна уметноста за да се свртиме кон себе, велат од Македонската опера и балет.
На Австриската вечер ќе настапи квартетот „Контрастрингс“ од Виена, а на кларинет Ана Памер, млади, врвни музичари кои комбинираат класична музика, на емотивен и современ начин. сст/са/
Фото МОБ