Сиљановска-Давкова и Милатовиќ ќе одржат предавање на Правниот факултет при УКИМ
- Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, кој од вчера е во официјална посета на земјата, денеска ќе одржат заедничко предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
- Post By Ана Цветковска
- 07:07, 1 April, 2026
Скопје, 1 април 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, кој од престојува во официјална посета на земјата, денеска ќе одржат заедничко предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Претседателката Сиљановска-Давкова вчера го пречека Милатовиќ со највисоки државни и воени почести на церемонија во Вила „Водно“ по што следуваа тет-а-тет средба и заедничка прес-конференција, при што двајцата претседатели упатија порака за заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ со фокус на регионалната соработка.
Милатовиќ посочи дека двете држави ги поврзува и длабоката историска блискост потврдена со меѓусебна солидарност и поддршка.
- Испраќаме пораки за регионална соработка и добрососедска поддршка. Го цениме фактот дека Северна Македонија беше меѓу првите држави што ја признаа Црна Гора и тоа стана цврст темел за развој на нашите билатерални и диплматски односи - нагласи Милатовиќ.
Тој изрази уверување дека во годините што доаѓаат двете земји ќе продолжат да градат односи, кои не се само стабилни на политичко ниво, туку и искрено блиски помеѓу нашите граѓани.
- И токму во таа блискост лежи силата на нашето големо партнерство и пријателство и сигурноста заедно да градиме подобар регион на Западен Балкан и нашата европска перспектива - рече Милатовиќ.
_ZkdT7JwY9/placeholder.webp?use_watermark=1)
Потенцира дека токму европската перспектива на двете држави зазема посебно место во агендата на двете држави, при што, како што истакна, Црна Гора силно го поддржува европскиот пат на земјата.
- Во нас оваа држава секогаш ќе има сојузник и полна поддршка. Имаме цел да станеме 28. држава членка на ЕУ и со тоа да покажеме дека европската перспектива на овој регион не е само сон, туку и реалност - потенцира Милатовиќ.
Претседателката Сиљановска-Давкова, од своја страна, истакна дека со колегата потврдиле оти се извонреден пример на регионало добрососедство, добар пример на соработка и внатре во рамките на НАТО, а денешната средба уште повеќе ја зацврствува довербата.
Таа истакна дека заедничка визија е стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ, а самитот ЕУ - Западен Балкан, како што рече таа, што ќе се одржи во Црна Гора, е доказ дека прашањето за членство на регионот не е само прашање поврзано за иднината, туку прашање што треба и може да стане реалност.
_LliOJDmGp/placeholder.webp?use_watermark=1)
- Целосната интеграција на Балканот е неопходна за навистина ЕУ да биде заедница што инспирира и што е целосна. Регионалната соработка не е само наша обврска, туку е и право и дека меѓусебната поддршка на земјите од Западен Балкан за мене е императив. Ако не се почитуваме, не се разбираме меѓусебно, сами си го отежнуваме патот кон ЕУ - потенцира Сиљановска-Давкова.
Во рамките на официјалната посета вчера беше потпишан меморандум за соработка помеѓу младинските совети при кабинетите на двајцата претседатели. ац/ев/
Фото: МИА