• Thursday, 05 February 2026

Облачно со повремен дожд

Облачно со повремен дожд

Скопје, 5 февруари 2026 (МИА) - Времето денеска ќе биде облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје, претежно облачно со услови повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Како што соопшти УХМР, следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места. нд/са/

Фото: МИА архива