Москва најавува помош за Куба во услови на блокада
- - Во постојан контакт сме со кубанското раководство и разговараме како да помогнеме во оваа тешка ситуација - изјави Песков.
- Post By Сања Костовска
- 19:43, 19 March, 2026
Москва, 19 март 2026 (МИА) - Русија разгледува можности за поддршка на Куба во услови на блокада, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
- Во постојан контакт сме со кубанското раководство и разговараме како да помогнеме во оваа тешка ситуација - изјави Песков.
Во меѓувреме, рускиот танкер „Анатолиј Колодкин“, со околу 730.000 барели сурова нафта, се движи кон Куба и се очекува да пристигне на нафтениот терминал Матансас околу 23 март, објави „Гардијан“..
Бродот е во сопственост на руската државна компанија Sovcomflot и плови под руско знаме. ссм/
фото: архива