Мицкоски и Меџити на средба со директорот на ЕИБ Бјорн: Владата се залага за зајакнување на општините низ целата држава
- Премиерот Христијан Мицкоски, директорот на Европската инвестициска банка Габриел Бјорн и првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска одржаа информативна средба со 58 градоначалници, кои беа информирани за финансискиот договор во износ од 50 милиони евра. Средствата се обезбедени преку Европската инвестициска банка (ЕИБ), а ги доделува Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање.
Скопје, 8 септември 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски, директорот на Европската инвестициска банка Габриел Бјорн и првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска одржаа информативна средба со 58 градоначалници, кои беа информирани за финансискиот договор во износ од 50 милиони евра. Средствата се обезбедени преку Европската инвестициска банка (ЕИБ), а ги доделува Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање.
Како што информира владината прес-служба, оваа средба е во насока на зајакнување и подобрување на ефикасноста и координацијата во користењето на средствата наменети за подобрување на водната инфраструктура на општините. Средствата се обезбедени од Европската инвестициска банка, а ќе се доделуваат преку Министерството за животна средина и просторно планирање, како неповратни средства на општините.
- Денеска испративме силна и јасна порака дека нашата Влада искрено се залага за зајакнување на општините низ целата држава, се наведува во соопштението од Владата. мд/са/
Фото: Влада