• Monday, 02 September 2024

Министерот Андоновски на богослужба и на собир со македонската заедница во Словенија

Министерот Андоновски на богослужба и на собир со македонската заедница во Словенија

Скопје, 1 септември 2024 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска присуствуваше на богослужба во македонската црква „Св. Климент Охридски“ во Љубљана, каде заедно со македонските иселеници го одбележа празникот Успение на Пресвета Богородица и го истакна значењето на православната вера.

Како што информира Кабинетот на министерот за дигитална трансформација, Андоновски учествувал и на Богородичниот собир во организација на Македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ од Крањ, каде се сретнал со бројни македонски граѓани и заедно ги споделиле македонските традиции и обичаи. 

- Со македонските иселеници, Андоновски разговараше за нивните искуства и предизвици со кои се соочуваат во дијаспората. Изрази задоволство од одличната организираност на македонската  заедница во Словенија, која продолжува да биде важен столб на македонскиот културен и духовен живот во оваа земја, се наведува во соопштението. мд/са/

Фото: Министерство за дигитална трансформација