МИА Најави МКД
- 6 декември 2025
6 декември 2025
Доха - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, ќе учествува на Доха Форумот 2025.
Кавадарци - ВМРО-ДПМНЕ ќе го одржи 18-от редовен Конгрес, под мотото „Визија што гради држава - За генерацијата што доаѓа 2030“. (Спортски комплекс „Јасмин“/ 11:00, регистрација на новинари од 09:00 до 10:30 часот)
Букурешт - Манифестација по повод Денот на македонскиот јазик во Романија во организација на Националниот музеј на романската литература во Букурешт, заедно со Амбасадата на Северна Македонија во Романија. (НМРЛ Букурешт/18:00, изложба на инфографика насловена „Макало”, на графичкиот дизајнер и типограф Ласко Џуровски/19:00)
Корча - Македонското друштво „Сонце“, во соработка со Педагошкиот факултет при Универзитетот „Фан Ноли" од Корча организираат завршен настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, влашкото и ромското национално малцинство во регионот на Корча“. (Библиотека „Битолски конгрес“ при Педагошки факултет во Корча/11:00)
Тетово - Меѓународен натпревар за квалитет на медот во организација на Здружение на пчелари „Градот на Пчелите“ – Тетово, Здружение на пчелари на Префектура Тирана, Здружение на Медот – Приштина, Здружение на пчелари Улцињ и Здружение на пчелари Апикула – Бујановац. (Факултет за Технолошки и Технички Науки – насока Технологија на храна при Универзитет во Тетово)
Гостивар - Еден патопис, страст, историја, манифест за завршување на спортската кариера на Берат Јакупи. (Центар за Култура - Гостивар/18:00)
Скопје - Дисциплина на светлината, изложба на двајца професори од Академијата за уметност од Нови Сад. (КИЦ, Империјал 2/19:30)
Скопје - Театарска претстава за деца „Лефти и Рајти и нивните стари и нови авантури“. (Diamond Mal, Literatura.mk/12:00)
Гевгелија - Изведба на претставата „Чудесна терапија“ на Драмски театар. (Сцена на Народниот театар во Гевгелија/19:00)
Битола - „Candlelight“- концерт под свеќи на кој ќе настапи Владимир Костов на виолина и камерниот оркестар „Профундис“. (Центар за култура/20:00)
_____________________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***