25 март 2026
Загреб - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе одржа предавање на Правниот факултет во Загреб.
Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе оствари средба со амбасадорот на Република Кореја, Донгбае Ким. (Собрание, Сала на Влада/10:30)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Собрание, Сала 4/12:30)
Скопје - Средба на собраниската Комисија за локална самоуправа со претставници на Националниот демократски институт (НДИ). (Собрание, Едукативен центар - Парламентарен институт/10:00)
Скопје - Презентација на новите лесни оклопни возила „STRYKER“ на која ќе присуствуваат министерот за одбрана, Владо Мисајловски и премиерот Христијан Мицкоски, заедно со началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, Никол Варнс, заменик-шеф на Мисијата на Амбасадата на САД, како и командантите на Командата за операции и 1. пешадиска бригада. (Касарна „Страшо Пинџур“ – Петровец/11:00)
Скопје - Конференција во рамки на проектот „Зајакнување на учеството на граѓаните и бизнисите во Берлинскиот процес и Реформската агенда на Северна Македонија“ на тема „Помалку бариери, повеќе можности: Реформи за ветер во грб на малите и средни бизниси“ во организација на Институтот за демократија. (х.„Солун“/11:10, изјави за медиумите/11:00)
Куманово - Отворен ден со Царинската управа. (Градски плоштад/10:00 до 13:00)
Скопје - Свечена промоција на СвисЧам МК - Швајцарска комора на Северна Македонија. (Музеј на македонската борба за самостојност/12:00, изјави за медиумите/12:30)
Кичево - Трибина во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Општина Кичево, општинска сала/18:00, предвидена е изјава за медиумите)
Скопје - Фатих Шахбаз, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје, и Никола Кимовски, генерален директор на Македонскиот народен театар ќе потпишат договор за годишно покровителство помеѓу Халкбанк АД Скопје и Македонскиот народен театар. (МНТ, фоаје/13:00)
Скопје - Македонското здружение на млади правници (МЗМП) организира настан посветен на безбедносните ризици од радикализацијата и насилниот екстремизам, во контекст на актуелните геополитички тензии и дигиталните закани. (х.„Мериот“/10:00, изјави за медиумите/9:45)
Скопје - Интерактивна работилница посветена на практичната примена на вештачка интелигенција во дигиталниот маркетинг и комуникација кај малите и средни компании во организација на DINNA AI и INNOFEIT EDIH. (ИНОФЕИТ, ул.„Руѓер Бошковиќ“ 18/11:00)
Скопје - Настан Kick-off Meeting на проектот Forest Fire Struga (FFS) за зајакнување на капацитетите за справување со шумски пожари, прекугранична соработка и подобрување на оперативната подготвеност, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија (UCPM). (х.„Хилтон“/9:30)
Скопје - Прес брифинг и медиумска прошетка во рамки на „Саем на мебел 2026“. (МОИА кафе, комплекс „Борис Трајковски/11:30)
Скопје - Предавање на тема „Топчестата глинена флејта од Македонија-праисториски музички инструмент“ на новоизбраниот дописен член на МАНУ, Драган Даутовски. (МАНУ, амфитеатар/12:00)
Скопје - Промоција на романот „Страв од чекорење“ од Ѕвездан Георгиевски. (Бистро „Комедија“/18:00)
Скопје - Отворање на изложбата „Моменти низ времето“ на Моника Десоска. (КСП Центар-Јадро/20:00)
Скопје - „Симбиоза“ самостојна изложба на Стефан Златев. (Галерија „Драгутин Аврамовски-Гуте“ на Факултетот за ликовни уметности во Сули-ан, Стара скопска чаршија/19:30)
Скопје - Премиера на документарниот филм „Гласна тишина“. (Кинотека на Македонија/11:15, изјави за медиуми од 11:00 или по проекцијата во 11:45, во холот на Кинотека)
Скопје - Трето издание на Фестивалот за литература и општа култура „Видик“. („Литература.мк“, Дајмонд мол)
Скопје - „Слободна среда“, концерт на млади музичари од Македонија. (Музеј на македонската борба/20:00)
______________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***