• Friday, 22 November 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

22 ноември 2024

Скопје – Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе се обратат на Свечената академија по повод Денот на албанската азбука. (Влада на РСМ, Свечена сала/ 09:00)

Белград – Премиерот Христијан Мицкоски е во дводневна посета на Србија по повод Меѓународниот саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“. 

- премиерот Христијан Мицкоски ќе оствари тет-а-тет средба со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ. (14:00)

- премиерот Христијан Мицкоски ќе оствари тет-а-тет средба со премиерот на Република Србија, Милош Вучевиќ. (во Владата на Република Србија/ 14:45)

- пристигнување на македонска делегација во состав на Љупчо Димовски вицепремиер за политички систем, Иван Стоилковиќ вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, Игор Јанушев генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Љутков министер за култура и туризам, Цветан Трипуновски министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Минчев министер за јавна администрација и Максим Димитриевски градоначалник на Општина Куманово. (15:45)

- започнува отворањето на настанот на кој пред присутните ќе се обрати премиерот Христијан  Мицкоски, по што следува прошетка низ саемот. (16:00)

- македонска вечер каде што ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски и Амбасадорот на Република Северна Македонија во Република Србија, Никола Тупанчевски. (х. „Хајат“ во свечената сала/ 19:00)

Хелсинки – Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани ќе престојува во работна посета на Република Финска.

Радовиш – Министерот за локална самоуправа, Златко Перински ќе учествува на презентација на реализираните активности за создавање на енергетски ефикасен регион на подрачје на општините Радовиш, Конче и Василево и придобивките од нив овозможени во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ фаза 2. (во Спортско рекреативниот центар „24 Мај“/ 12:00, по што следат и изјави за медиумите во Музејот на љубовта и уметноста)

Скопје – Панел-дискусија со претставници од Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство, со цел подобрување на соработката во борбата против корупцијата во организација на Амбасадата на САД, преку Програмата ОПДАТ на Министерството за правда на САД и УСАИД. (х. „Александар Палас“/ настанот ќе биде отворен за медиумите од 9:30 – 10:00, медиумските екипи да пристигнат до 9:10)

Скопје – Панел - дискусија „Повеќе даночни приходи за побогато општество - перцепции и перспективи“ по повод  Денот на даночните работници „29-ти Ноември - Св. Матеј“. (Клуб на пратеници, изјава за медиумите ќе даде директорката на УЈП, Елена Петрова/ 13:30)

Скопје – Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) ќе ја одржи 12-та сесија на Работната група 1 (Поглавје 11)-„Земјоделство и рурален развој“ на тема: „Меѓу предизвици и можности: Земјоделската политика на Северна Македонија на патот кон пристапувањето во ЕУ”. (Клуб на пратеници/ 9:30) 

Скопје – „Фискалната политика на крстопат: Патот кон стабилност и одржливи јавни финансии“, настан организиран од Фискален Совет на РСМ и Finance Think. (х. „Александар Палас“/ 11:00)

Скопје – Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ ќе ја додели државната награда „22 Ноември“ за 2024 година за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна. (Собрание на Република Северна Македонија, Кристална сала/ 11:00)

Скопје – Одбележување на Традиционалниот словенечки појадок насловен „Мој појадок!“, организиран под покровителство на Амбасадата на Република Словенија и Меѓународното училиште НОВА во Република Северна Македонија. (Меѓународно училиште НОВА, ул. „Прашка“/ 09:00)

Скопје – Прес-конференција на Конфедерацијана Синдикални организации на Македонија (КСОМ). (пред влезот на градинката „11 Октомври“ во општина Бутел, Скопје Север/ 12:30)

Скопје – По повод 22 ноември - Денот на албанската азбука, Аналитички истражувачкиот центар на Демократската унија за интеграција „Абдилаќим Адеми“ организира дебата под наслов: „Службен албански јазик - столб на Охридскиот договор“. (х. „Стоун Бриџ“/ 10:00, медиумите да пристигнат во 9:50)

Скопје – Предавање - промоција на делото „Авторските неологизми во поезијата на Весна Мундишевска - Велјановска“ од М-р Елизабета Јончиќ. (ДПМ/ 12:00)

Скопје – XXII Меѓународен симпозиум на тема: Фолклористиката и културното наследство во организација на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје. (х. „Континентал“/ 9:15)

Скопје – Промоција на сликовницата „Бакнежи на небо“ од Иван Антоновски со илустрации на Иванка НиБа. („Лабораториум“/ 18:00) 

Скопје – Промоција на стихозбирката „Едно и пол патување“ од современата албанска поетеса Мањола. (бифе МКЦ/ 20:00)

Тетово – НУ Музички Ансамбл на Република Северна Македонија – Тетово ќе одржи празничен концерт „Под ноемвриските звуци“. (на сцената на Центарот за култура/ 19:00)

Скопје – Концерт на Сашко Костов. (КИЦ Скопје, Салон 19:19/ 20:00)

Скопје – Изложба: „Во пресрет на Рускиот цар, Романови- царско служење" на фотографии од личната колекција на Царското семејство Романови испратени од Сретенскиот Манастир во Москва во организација на Здружението Хуманитарно културен ФЕНИКС. (во просториите на Домот на културата Ѓорче Петров/ 19:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***