• Thursday, 26 March 2026
МИА Најави МКД

26 март 2026

Скопје - Собранието ќе ја одржи 95-та седница. (Сала „Македонија“/11:00)

Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите. (Сала на Уставна комисија/10:00)

Скопје - Генералниот секретар на Секретаријатот на Регионалниот совет за соработка Амер Капетановиќ, ќе има средба со потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски. (Собрание, канцеларија бр.161 / 13:00)

Скопје - Едукативна активност „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта. (Сала „Борис Трајковски“/9:00)

Скопје - Прес-конференција на пратеникот Амар Мециновиќ. (Собрание, прес-центар / 10:50)

Скопје –Министерката за образование и наука Весна Јаневска  ќе се обрати на отворањето и ќе учествува на министерски панел на Регионалната конференција „Мостови кон иднината: Интернационализација на високото образование на Западен Балкан и Југоисточна Европа“ што се одржува под покровотелство на МОН во соработка со Регионалниот совет за соработка и Светска банка (линк од детална агенда). (х. Мериот/ 8:30 до 9 00 регистрација, отворање во 9:00 – 9:30, изјави за медиумите во 11:00) 

Скопје - Тркалезна маса/научно стручна расправа на тема „Улогата на пазарот и државата во управувањето со ограничените ресурси - случајот на Република Северна Македонија“, во организација на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, Економскиот факултет – Скопје и Сојузот на економисти на Македонија. (Економски факултет, амфитеатар/11:00, изјави за медиумите/10:30)

Скопје - Регионален форум „Платформа за вклучување на маргинализираните жени во општеството и зајакнување на соработката“ во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права. (х.„Холидеј Ин“, изјави за медиуми/10:45)

Скопје - Прес-конфернција на М-НАВ А.Д.  (Простории на  М-НАВ А.Д, Палата Лазар Поп Трајков, 7ми кат, ул. Македонија бр.25/11:00)   

Маврово - Потпишување меморандум за соработка помеѓу Македонската риболовна федерација, Општината Маврово и Ростуше и Националниот парк Маврово. (Простории на Националниот парк Маврово, во Маврови Анови/12:00)

Скопје - Прес-конференција на Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“. (Пред Министерство за животна средина и просторно планирање/12:45)

Кратово - Културно-интелектуален настан „Гласот на вечноста" - Епизода 2. (Кино сала Мултимедијален центар/19:00)

Битола - Прес-конференција по повод официјалната најава на новиот музичко-сценски проект на Оркестар DIVA: Мјузикл инспириран од Freddie Mercury – Freddie The QUEEN. (Центар за култура, Битола, мала сала/12:00)

Скопје - Австриска вечер на камерна музика, под покровителство на Австриската Амбасада во Скопје. (Македонска опера и балет, фојае/19:30)

Скопје - Концерт „Рапсодија“ на Македонската филхармонија на кој како солистка ќе настапи виолинстиката Ава Бахари од Шведска, а диригентка е Бар Авни од Израел. (Филхармонија/20:00)

Истанбул - Концерт на македонското пијано трио „30 прсти“. (Ерменска католичка црква „Сурп Левон“ во Кадиќој, Истанбул/19:00)   

Чаковец - Концерт „Растенија без корен“ на македонската кантавторка и продуцентка Дина Јашари. (Клуб Простор)                                                         

______________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***