• Thursday, 09 April 2026

Меља: Почит кон значајниот придонес на ромската заедница во животот на Дебар

Меља: Почит кон значајниот придонес на ромската заедница во животот на Дебар

Дебар, 8 април 2026 (МИА) - Градоначалник на Дебар, Фисник Меља, на своите сограѓани Роми, го честиташе меѓународен ден на Ромите, изразувајќи почит и благодарност за културата, традицијата и значајниот придонес на ромската заедница во животот на градот. 
 
-Ромската заедница е важен дел од нашето општество, со континуиран придонес во културниот и социјалниот развој. Овој ден нè потсетува на важноста на еднаквоста, почитта и соживотот како темелни вредности за праведно и инклузивно општество, стои во честитката. 
 
Нагласува дека останува посветен на поддршка на интеграцијата, образованието и благосостојбата на ромската заедница, обезбедувајќи еднакви можности за сите граѓани. 
 
Во Дебар живеат над 1500 припадници на ромската заедница. вт/ац/

Фото: Меља Фејсбук

You May Also Like