• Sunday, 28 July 2024

Меѓународен театарски фестивал од вечерва во Демир Капија 

Меѓународен театарски фестивал од вечерва во Демир Капија 

Демир Капија, 26 јули 2024 (МИА) - Меѓународен театарски фестивал „Без рамка“ од вечерва започнува во Демир Капија и ќе трае до 3 август. На програмата на Фестивалот, што се одржува по трети пат, има повеќе претстави.

-Фестивалот започнува со „Веселинови“  - Штип. На 28 и 29 јули пред публиката ќе се претстават „Кенди“ на театарот „Златен елеци“ и ,„Лекција“ - Скопје. На 30 јули на агендата е „Трг Ратника“ - БиХ, а на 1 август „Ти спиеш, тебе ти се спие“, на театарот домаќин „Мирка Гинова“.  Фестивалот завршува со „Доктор Молиер“ - Србија, појаснуваат организаторите. 

Демир Капија одбележува 61 година постоење на театарот „Мирка Гинова“ и 31 година театарска активност на актерот и режисер Томе Атанасов при овој театар. свд/вј/

Фото : Фејсбук на градоначалникот Лазар Петров