Мециновиќ: Сега одговорноста е на мнозинството која треба да изгласа нов претседател на Комисијата за социјална политика
- - Ние го поздравуваме денешното гласање на ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ за оваа интерпелацијата, која сметаме дека се случи преку проактивноста и притисокот што ги наметна Левица. Но и понатаму стои проблемот, а тој проблем се вика Африм Гаши. За Законот за задолжување за која не беше свикана Комисијата за финансирање и буџет, слична ситуација како ова со пратеничката Илире Даути, претседателот на Собранието на своја рака ја закажа седницата за да помине Законот. Проблемот Африм Гаши уште постои и потсетиме дека за неговата интерпелација ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ не најдоа храброст да изгласаат. Сега одговорноста е на мнозинството. Додека за опозициската СДСМ сметаме дека причината која тие ја изнесоа беше апсолутно нерелевантна. Ја покажува нивната сервилност и кукавичлук затоа што очигледно дека во минатите два дена ако имаа координирани напади помеѓу СДСМ и ДУИ тоа беше да се испере нивната пасивност и невозможноста да се излезе од матрицата на ДУИ, рече тој.
You need to login to view this page en