• Friday, 27 December 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 27 декември 2024 (МИА) - Во Полициската станица Гази Баба вчера во 12 часот  полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода З.З.(50) од с.Сарај,скопско, поради тоа што при претходно извршен претрес во неговиот дом со судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени пиштол и 53 куршуми.

МВР денеска соопшти дека тој е задржан во полициска станица, а ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка по чл.396 од КЗ. Известен бил јавен обвинител и по негова насока пријавениот во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.    

На 26.12.2024 во 22.11 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Браќа Миладиновци" во Прилеп се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „опел" со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.М.(50) од Прилеп, излетало од патот. Од страна на Итна медицинска помош Прилеп С.М. бил пренесен во Градска болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

На 26.12.2024 во 21.55 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Прилеп на ул.„Прилепски бранители“ се случила  сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило  удрило во В.М.(73) од Прилеп и го напуштило местото на настанот. В.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.12.2024 во 22.20 часот во Полициската станица Гази Баба Н.А.(44) од Скопје пријавила дека на ул.„Методија Андонов-Ченто“ во Скопје била касната од куче со сопственик.

На 25.12.2024 полициски службеници го лишија од слобода Б.Р. (36) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 23.12.2024 на ул. „Бутелска“ во Скопје Б.Р. испукал еден проектил од пиштол кон нозете на С.З. (35) од Скопје. Од страна на Единицата за насилен криминал- Одделение за крвни и сексуални деликти во врска со настанот преземени се опсежни мерки, при што обезбедени се докази против Б.Р. и тој е лишен од слобода, а на 26.12.2024 е поднесена кривична пријава по брза постапка. Од страна на судија на претходна постапка на Б.Р. му е определена мерка притвор во траење од осум дена.

На 26.12.2024 полициски службеници од СВР Битола, врз основа на судска наредба го лишиле од слобода И.М.(22) од с.Духово, битолско, со престој во Битола, кој бил баран за издржување на казна затвор во траење од пет години. И.М. е спроведен во Затвор Прилеп за издржување на казната.

На 26.12.2024 во 18.45 часот на ул. „8-ма“   во Битола  од страна на полициски службеници од СВР Битола  бил извршен преглед на малолетник, при што кај него била пронајдена марихуана. Малолетникот бил приведен во Полициска станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 26.12.2024 полициски службеници од СВР Битола, врз основа на  наредба од Основен суд Битола го лишиле од слобода Д.Б.(31) од Битола, кој бил баран за издржување казна затвор во траење од една година. Д.Б. е спроведен во Казнено поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

На 26.12.2024 во 14.45 часот полициски службеници од СВР Битола кај место викано „Јавор" во Битола го лишиле од слобода  Ф.М.(43) од Битола. При преглед кај него биле пронајдени пиротехнички средства. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.

На 26.12.2024 во СВР Битола било пријавено дека во с.Црничани била пронајдена авионска граната од Првата светска војна со  кал.155 мм. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната. цр/

Фото: МИА архива
 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

You May Also Like