МВР билтен
- СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.М.(44) од село Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“.
Скопје, 3 април 2026 (МИА) - СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.М.(44) од село Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.
СВР Штип поднесе кривична пријава против М.С.(53) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 14.09.2025, пријавениот преку пишан материјал на негов профил на социјална мрежа промовирал и поттикнувал омраза и насилство.
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против И.Д.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа’’. На 14.02.2026 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана бугарска возачка дозвола.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.А.(49) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 14.03.2026 на Градскиот пазар во Струга, пријавениот со уште две лица физички го нападнал Р.М.(61) и му нанел тешки телесни повреди.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Љ.Ѓ. (39) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 30.03.2026, полициски службеници извршиле претрес на две локации каде што престојувал пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 13 пакувања бела прашкаста материја, муниција од различен калибар, дигитална вага, два пиштоли и една воздушна пушка.
Синоќа на различни локацииво Скопје полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Т.(27), Б.А.(41) и Љ.Ј.(32), сите од Скопје, Г.Р.(25) од село Љубин, скопско и Н.А.(40) од село Петровец, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста и прашкаста материја, марихуана, дигитална вага и дробилка. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
СВР Велес поднесе кривична пријава против С.В.(45) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 03.02.2026, пријавениот неовластено и без знаење на оштетената- овластена сметководителка го искористил нејзниот број на уверението, кое било прикачено на isos.com.mk и го употребил за завршна сметка во Централен регистер. Оштетената, истиот ден на електронска адреса била известена дека правно лице од Неготино поднело завршна годишна сметка со нејзиното уверение, кое било направено без нејзина согласност, a ниту пак таа ја имала изработено завршната сметка. На 24.02.2026 бил извршен службен разговор со пријавениот, управител на правното лице од Неготино, кој изјавил дека поднел завршна сметка за неговото правно лице бидејќи неговиот сметководител не бил внесен во Централниот регистер. Тој земал број од страната на isos.com.mk, која била достапна за сите и ја поднел годишната сметка со бројот на уверението на оштетената.
Во СВР Штип вчера околу 10:20 часот е пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Мирче Ацев“ и „Трајко Китанов“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 25-годишната Б.Д. од Пробиштип и мотоцикл, управуван од Б.А.(52) од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.
Во Полициската станица Пробиштип вчера околу 16:00 часот од Итната медицинска помош при ЈЗУ „Нада Михајлова“ во Пробиштип известиле дека кај нив е пријавено дека во семејниот дом В.Н. го пронашол својот син М.Н.(40) од село Добрево, пробиштипско, со прострелна рана. Извршен е увид и службени разговори со таткото и братот на повредениот, по чие кажување М.Н. истиот ден на мeсто викано „Чукар“, атар на село Марчино, пробиштипско, самиот си нанел прострелна рана со ловечка пушка, додека го чистел оружјето. М.Н. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Од лице место е подигната ловечка пушка и патрони. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Утрово во 01:00 часот во СВР Скопје 52-годишна жена пријави дека на 02.04.2026 во домот на подрачјето на Центар нејзиниот сопруг З.Д.(52) агресивно се однесувал и се обидел физички да ја нападне. Според пријавеното, таа подолг период била физички и психички малтретирана од него, но не пријавувала во полиција. Исто така, во 03:00 часот 52-годишен маж пријави дека во домот му биле упатени закани од неговата сопруга В.Д.(52). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 18:42 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на Бит Пазар нејзиниот сопруг Љ.И.(35) ја заклучил во тоалетот, а по некое време и физички ја нападнал, по што ја избркал од домот. Според пријавеното и нивните четири малолетни деца ги заклучил во тоалетот. Љ.И. кажала дека и претходно била физички и психички малтретирана од него, но не пријавувала во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во Полициската станица Кисела Вода вчера во 18:45 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.А.(35) од Скопје поради тоа што упатувал закани кон неговата 30-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје 27-годишна жена пријави дека на 01.04.2026 нејзиниот сопруг М.Д.(32), со кого биле разделени, упатувал закани кон неа и нејзиниот татко. Според пријавеното таа и претходно била физички и психички малтретирана од него, но не пријавувала во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 06:30 часот во Скопско го лишија од слобода Б.Т.(49), по претходна пријава дека на 01.04.2026 околу 23:30 часот во домот физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга. Според пријавеното таа и претходно била физички и психички малтретирана од него, но не пријавувала во полиција. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 19:30 часот во СВР Скопје 30-годишна жена пријави дека во периодот од 08.06.2025 до 20.03.2026 нејзиниот поранешен сопруг Д.С. (34) физички ги малтретирал нивните две малолетни деца додека биле на видување кај него. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Во СВР Скопје вчера во 20:00 часот 64-годишен маж од Скопје пријави дека на 30.03.2026 околу 15.00 часот пред неговиот дом дошол М.З., инаку лице со здравствени проблеми, кој му упатил вербални закани по неговиот живот. Исто така му испраќал и телефонски пораки со заканувачка содржина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчераво 10:00 часот во СВР Скопје 50-годишен маж од Скопје пријави дека на 01.04.2026 околу 19:40 часот додека бил во својот дом добил телефонски повик на неговиот мобилен телефон при што едно лице му упатило закани. Исто така, пријавителот навел дека на 09.03.2026 пред неговиот дом бил и физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот.
Х.Т.(40) од Р.Турција, со привремен престој во Валандово, вчера во 20:00 часот во СВР Скопје пријави дека на подрачјето на Бит Пазар, тој и неговиот малолетен син биле физички нападнати од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 10:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, едно лице кое претходно се понудило да и помогне на З.Е.(73) од Скопје да ја испрати до нејзиниот дом, со употреба на физичка сила ѝ одзело чанта со пари, лични документи и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 18:41 часот во СВР Скопје е пријавено во село Идризово, скопско, на место викано „Наово“ настанал пожар во викенд куќа, сопственост на 72-годишната М.В. од Скопје. Повредени лица нема. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита-Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен е увид.
С.С.(46) од Скопје вчера во 17:00 часот во СВР Скопје пријави дека околу 15:55 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање околу сообраќајот бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. вј/
Фото: МИА архива